Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Заврши четвртиот турнир во мал фудбал „Пеце Матичевски“ во Новаци

Тимот на ресторан Путник е победник на десетдневниот  турнир во мал фудбал „Пеце Матичевски“ кој се одржа во Новаци. Екипата на ресторан Путник беше подобра од противникот фудбалскиот тим Студио Крцко, а победниците за освоеното прво место добија парична награда, дипломи за учесниците и  победнички пехар кој им го врачи таткото на загинатиот бранител и градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски.

 

„Оваа година четврт  пат го организираме овој турнир во мал фудбал „Пеце Матичевски“ во чест на нашиот сожител кој загина во конфликтот во 2001 година а е родум од Новаци.Сите фудбалски натпревари се одиграа на новото повеќенаменско игралиште кое е осветлено со рефлектори а е изградено со средства од Агецијата за млади и спорт на РМ. Општина Новаци го поддржува одржувањето на овој спортски настан кој годинава се одржува четврти  пат и истиот веќе стана традиционален.“ рече градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски.

Второ пласираните Студио Крцко, третопласираните Ангромаркет и  четврто пласираните  Лим дизајн добија парични награди .

За најдобар голман беше прогласен Пеце Цветковски, најдобар стрелец Мартин Никовиќ, додека за фер плеј играч е прогласен Зоран Талевски.

„Турнирот наиде на голем одзив ,се пријавија  23 екипи кои се натпреваруваа скоро месец дена секоја вечер на стадионот во Новаци. Секоја од екипите плати котизација за учество по 4000 денари а тие средства се искористија за организацијата и за наградите кои ги доделивме. Парични награди покрај за прво место, дипломи и пехар се обезбедија за второ,трето и четврто пласираните учесници“ велат организаторите.

Генерален спонзор на турнирот е Општина Новаци, додека спонзор на годинешниот турнир беа и спортските обложувалници „Евротип“.

Градоначалникот Котевски и Општина Новаци се големи поддржувачи на спортски настани.Неколку години наназад по повод Денот на независноста 8-ми септември организираат меѓународен фудбалски турнир за деца. Минатата година турнирот се одржа 3 дена а учествуваа околу 700 учесници.

Back to top
Skip to content