Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Општина Новаци доделила во 2016 година парична помош во износ од 430 000 денари за лекување и други основи

Општина Новаци во текот на изминатат 2016 година доделила околу 430 000 денари парична помош на физички лица по основ потреба за лекување и други основи.

„ Секоја година врз основа на поднесени барања на одредени физички лица кои имаат неопходна потреба од тоа им доделуваме одреден износ парична помош. Во 2016 година сме исплатиле 203 000 денари додека по други основи одделението за финансии исплатило 77 292 денари. Барањата за лекување се поткрепени со соодветна документација извештаи од специјалисти, лекување и сл а другите исплати се вршат согласно поднесена програма. “ вели градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски.

Општина Новаци исто така финансиски им помогнала и на здруженија за граѓани за културни манифестации, организирање на спортски настани, здружение на пензионери, културно уметнички друштва и сојуз на слепи лица. Исто така средства во износ од 20 000 денари се исплатени за помош на цркви и манастири.

Back to top
Skip to content