Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Исплатени 145 000 денари еднократна субвенција за 29 новороденчиња  во 2016 година

Општина Новаци во 2016 година е побогата за 29 новороденчиња за чие што раѓање локалната самопурава на родителите им доделила еднократна парична помош во висина од 5000 денари или вкуно 145 000,00 денари.

„Веќе 9 години наназад имаме редовна практика ,општината да исплаќа по 5000,00 денари за секое новородено дете со цел да се поттикне зголемувањето на наталитетот во општината.Минатата година доделивме вкупно 145 000,00 денари за 29 новороденчиња, односно четири деца помалку од претходната 2015 година. Мерката која ја донесовме со одлука на Совет со цел стимулирање на порастот на наталитетот наиде на позитивни реакции .“ рече градоначалникот на општина Новаци,Лазар Котевски.

Во општина Новаци во 2015 година се родиле 33 бебиа за што биле испалтени 165 000 денари , во 2014  и 2013 година се родиле 30 новороденчиња, 24 во 2012 година, 27 во 2011 а 26 во 201о година.

За да се стекнат со ова право родителите треба да поднесат барање во општината и во прилог да достават извод од матична книга на родени и венчани, лична карта на родителите и копија од трансакциона сметка. Право на користење на еднократната парична помош за новороденче има еден од родителите кој треба да биде државјанин на Р.Македонија со постојано место на живеење во државата, за дете родено во Р.Македонија.

 

 

 

 

 

Back to top
Skip to content