Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

СОВЕТОТ НА ОПШТИНА НОВАЦИ ЈА ОДРЖА 17 ТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА НОВАЦИ

Советниците на Советот на Општина Новаци денес ја одржаа 17 тата седница на која на дневен ред се разгледаа дваесеттина точки.

По усвојувањето на записникот од претходната седница, советниците ги разгледаа и усвоија следните документи: Квартален извештај за извршување на буџетот на Установата ОУ “Славко Лумбарковски“ за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.07.2022г до 30.09.2022г., Квартален извештај за извршување на буџетот на ЈОУГД “Бамби“ с.Новаци за извештајниот период (кумулативно ) за квартал од 01.07.2022г до 30.09.2022г и Квартален извештај за извршување на буџетот на општина Новаци за извештајниот период (кумулативно) од 01.01.2022г. до 30.09.2022г.

Исто така се донесе и Предлог – Измена и дополнување на годишна програма за изработка на урбанистички планови на територија на општина Новаци за 2022г, Предлог – Одлука за разрешување  на членови и именување на нови членови на Комисијата за утврдување на штети од земјотрес, Предлог – Решение за именување на членови на заедничката Комисија за подготовка на предлог – актот за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу општините Битола и Новаци, Предлог за разрешување и именување на нов член во Управен и Надзорен одбор за контрола на материјалното-финансиско работење на Меѓуопштинското јавно претпријатие “ПЕЛАЛИНК“ – Битола, Именување на  нов член на Надзорен одбор на ЈПКД “Комунална Хигиена“ – Новаци, Измена и дополнување на Годишен план за вработување на Општина Новаци за 2022г.

На денешната седница за разгледа извештајот за организација на манифестацијата „Фестивал на жетвата“- Новаци 2022г.

Советниците на денешната седница ги разгледаа и неколку поднесени барања од ЗУСК ( Здружение на училиштен спортски клуб ) „Славко Лумбарковски“ с.Новаци за финансиски средства за реализација на активностите во учебната 2022/23 година, ПЗУ „Поликлиника Др. Соња“ с. Новаци за финансиска помош во реализација на поставување на парно на палети, барање за градежни материјали полиетиленско црево со должина од 150 м и спојки за приклучување на локалниот селски вододвод во с. Тепавци и барање од М.З. на с.Скочивир за поправка на патот во должина од 2 км.  кој води од рекреативниот центар „Коњарка“  до манастирот “Св.Лука и Св.Наум Охридски“.

Како дополнување на дневниот ред на 17 тата седница како дополнување беа разгледани и барањата за финансиска помош од физички лица по предлог на Комисијата за доделување на еднократна парична помош.                              

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top
Skip to content