Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Фестивал на Жетвата

“Фестивалот на жетвата” е манифестација која за прв пат ќе започне да се одржува во Општина Новаци, како рурална општина каде се наоѓаат најголемите производители на храна во нашата држава. Токму затоа сакаме да ја афирмираме општината и нејзините ресурси како многу важен дел кој придонесува за развој на економијата во државата во услови на светска криза, како во областа на храната, така и во областа на енергијата.

Овој фестивал ќе биде дводневен хепенинг на кој се пријавени да учествуваат повеќе од триесет изложувачи на разни видови на земјоделска механизација, препарати, семиња и пестициди, локални производи и домашна традиционална храна. Воедно, фестивалот ќе содржи и забавен и едукативен дел.

Back to top
Skip to content