Хортикултурно уредување на дворот на општина Новаци
Градоначалникот на Општина Новаци, Љубе Кузманоски заедно со в.д. директорот на ЈКП „Комунална Хигиена“ – Новаци, Петар Велјановски засадија садници од дрвја во дворот на општината.
„Вршиме нивелација на земјата садејќи трева, цвеќиња и украсни садници отпорни на климатските услови во секој период од годината. Акцијата се спроведува во овој период, бидејќи пролетта е најпогодното годишно време за садење. Нашите заложби како локална самоуправа продолжуваат за зазеленување на секој простор и во секое населено место во Општина Новаци.“ – рече градоначалникот Љубе Кузманоски.