Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Советот на Општина Новаци ја одржа 66-тата седница

Советот на Општина Новаци на 66-тата седница донесе заклучок за усвојување на извештајот за извршен годишен попис во Општина Новаци со состојба 31.12.2020 година и извештај на комисија за попис на побарувањата, обврските и паричните средства во благајната на Општина Новаци.

Советот донесе одлука за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу општините Битола, Могила и Новаци за основање на заедничко јавно претпријатие за вршење на превоз на патници.

На денешната седница на Советот беа донесени измени и дополнувања на годишната програма за изработка на урбанистичките планови на територијата на Општина Новаци за 2021 година.

Советот на Општина Новаци ја донесе програмата за санација и одржување на полските патишта и чистење на земјаните канавки покрајт локалните и полските патишта во Општина Новаци за 2021 година.

Советниците на Општина Новаци ја усвоија програмата за изградба, реконструкција и одржување на локалните патишта и улици во Општина Новаци за 2021 година.

Советот донесе заклучок за усвојување на извештај-преглед за реализација на програмата за изградба, реконструкција и одржување на локалните патишта и улици во Општина Новаци за 2019 година.

На седницата се разгледуваа и барања на граѓани за доделување на еднократна парична помош.

Back to top
Skip to content