Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

2,7 МИЛИОНИ ЕВРА ИЗНЕСУВА БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА НОВАЦИ ЗА 2023 ГОДИНА

На последната 21 вата седница на Советот на Општина Новаци за оваа година беше усвоен Буџетот на Општина Новаци за 2023 година во висина од 165.602.427,00 денари или близу 2,7 милиони евра.

„ Вкупниот буџет на Општина Новаци за 2023 година изнесува околу 2,7 милиони евра односно 165.602.427,00 денари. Во овој износ влегуваат Блок дотациите со износ од 40.168.000,00 денари, Самофинансирачки во висина од 602.000,00 денари и Донации – 5.700.000,00 денари. Основниот буџет изнесува 119.132.427,00 денари. Во Буџетот се влезени две развојни програми чии проекти ќе бидат реализирани во периодот 2023-2025. “ рече Стевче Стевановски, градоначалник на Општина Новаци.

На седница советниците покрај најважниот финансиски документ за работењето на локалната самоуправа разгледаа околу петнаесеттина точки на дневен ред

„ Денес ги разгледавме и ги усвоивме најпрво Записникот од 20-та седница на Советот на Општина Новаци а потоа продолживме со разгледување и одобрување на Буџетскиот календар за 2023 год., разгледување на Одлуката за одредување на вредноста на бодот за државните службеници за 2023 год. и Одлуката за одредување на вредноста на бодот за техничкиот персонал за 2023 год. Исто так се разгледа и Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Новаци за 2023 година и уште неколку програми кои се неопходни за тековното работење на Општина Новаци во 2023 година. “ рече Славица Најдовска Стојковска.

Советот разгледа и донесе и неколку програми и тоа: Програма за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на РСМ на подрачјето на Општина Новаци за 2023 год.; Програма одржување на локалните водоводи во Општина Новаци за 2023 год. Програма за одржување на јавна чистота (јавни површини, паркови, зеленило и рекреативни површини на територијата на Општина Новаци за 2023 год.; Програма за работа на Јавното претпријатие за Комунални Дејности „ Комунална Хигиена “– Новаци за 2023 год. и Годишен план за јавни набавки на ЈПКД „Комунална Хигиена“ – Новаци за 2023 година.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top
Skip to content