Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

24 ГОДИНИ ОПШТИНА НОВАЦИ

Фотографија на Љубе Кузманоски - Градоначалник на Општина Новаци.

Почитувани сограѓани, Општина Новаци опстојува 24 години и за ова време се изгради како вистинска движечка сила за поубав и поквалитетен живот за сите нас.

30-ти Март претставува посебен ден за општината и значаен за сите нас кои заеднички придонесуваме за развој и унапредување на нашата општина.

За жал, оваа година, поради ситуацијата со корона кризата, прославата ќе изостане.Сега, кога сме исправени пред предизвикот , најважно за сите нас е вашето здравјето, здравјето на вашите семејства, вашата безбедност, вашата иднина. Како што би рекле нашите стари -важно во овие моменти е сите да сме на број.

Овие тешки моменти за сите нас ќе ги пребродиме, со почитување и практикување на владините мерки за заштита од КОВИД 19.

Како локалната самоуправа правиме се да го намалиме ризикот од овој опасен вирус. Превземаме низа мерки за заштита и превенција на локално ниво и се додека трае опасноста по вашето здравје, локалната самоуправа ќе прави се да го намали ризикот за ширење на корона вирусот.

Но, иако моментот е тежок, сакам да Ве охрабрам, да ви порачам сите да продолжиме заедно, заради нас и иднината на нашите деца, на нашите внуци.

Како локална самоуправа во изминатите три години покажавме инвентивност, организациска способност и хуманост. Бројните реализирани проекти, културно – забавни содржини и хуманитарни акции, се сведоштво за нашата посветена ангажираност. Соработката со сите Вас ја издигнавме на скалата на кооперативноста, како една од најдобрите наши особини.

Општина Новаци од година во година заеднички ја градиме и развиваме .Од типично рурална општина пред 24 години , денес Општина Новаци е општина со која сите ние треба да се гордееме.

Во таа смисла, сакам да Ви се заблагодарам за беспрекорната соработка меѓу граѓаните и институциите што Општина Новаци ја негува и надградува во овој изминат 24 годишен период.

Искрено се надевам дека на взаемно задоволство таа соработка на граѓаните со Општина Новаци ќе продолжи и во наредниот период. Честитајќи ви го 24-от роденден посакувам уште многу заеднички успеси, многу проекти за просперитет, затоа што Општина Новаци е и ќе биде општина по мерка на граѓаните.

За крај уште еднаш Ви посакувам добро здравје, чувајте се и сонувајте за новите заеднички моменти и успеси.

Со почит

Градоначалник
Љубе Кузманоски

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top
Skip to content