Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Советот на општина Новаци ja одржа 57-мата седница

14124345_1280771495280079_7267039025659724442_o

Советот на Општина Новаци ја одржа 57-мата седница на која се разгледуваа околу дваесеттина точки на дневен ред. По узвојувањето на записникот од претходната седница и усвојувањето на дневниот ред на денешната седница, советниците донесоа Одлука за формирање на заедничка комисија (за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу општина Новаци и општина Ресен), решение за именување членови во заедничка комисија за воспоставување на меѓуопштинска соработка со општина Ресен и одлука  за прифаќање на предлогот за воспоставување на меѓуопштинска соработка.

Работата на Советот продолжи со усвојување на годишниот извештај за работата на ЦОУ Славко Лумбарковски Новаци за учебната 2015/2016 година и Годишна Програма за работа на ООУ,, Славко Лумбарковски,,-Новаци за учебната 2016/2017 година. Беа разгледани и одобрени неколку барања и тоа за финансиски средства од Здружение Фудбалски клуб Новаци 2011 Новаци за успешно такмичење во лига-Есенски дел 2016 година за одобрување на финансиски средства од ЗФК Пелагонија с.Добромири, за натпреварување во сезона 2016/2017 во општинска Б Фудбалска лига Битола-Есенски дел, барањето од М.З.с.Зовиќ  за одобрување набавка на градежни матерјали  5м3 песок за изградба на помошен објект на црквата во селото.

14188677_1280771498613412_6771457581360411049_o

Исто така беа донесени и неколку одлуки и тоа за : одобрување на средства за изградба на градежен објект на главна шахта на водоводот во Мариово, за одобрување на средства за изградба на плато за поставување на јарбол, за набавка на гориво за превоз на учениците од с.Рибарци, с.Гнеотино, с.Тепавци, с.Рапеш, с.Маково, с.Арматуш (до завршување на постапка за јавна набавка),  за изградба на автобуска постојка во с.Гермијан, одобрено беше и барањето  од Фудбалски клуб ,,Новаци 2005-Новаци и Здружение Фудбалски клуб ЛГ Спорт-Битола за одобрување на финансиски средства за одржување на традиционален-меѓународен фудбалски турнир за деца до 14 години, беше донесена одлука за одобрување на средства за издавање на публикација од меѓународен карактер ,,BUSINESS DIRECTORY OF MAKEDONIA 2016,, од Друштво за издавачка дејност и маркетинг ,,Балканика,,Скопје.

Советот на општина Новаци донесе измени и дополнување на Програмата за поставување на урбана опрема на подрачјето на Општина  Новаци за 2016 година а го рагзледа и барањето за финансиски средства од Центар за едукација и негување на традицијата и фолклорот ,,ЕТНО-ИЛИНДЕН,,Битола за организација на ,,Македонска традиционална свадба,,.

Советниците донесоа и неколку предлог-одлуки за вклопување на бесправно изградени објекти во идна урбанистичко-планска документација за КО Новаци и КО Будимирци како и дополнување на програмата за изградба , реконструкција и одржување на локалните патишта и улици во Општина Новаци за 2016 година.

Советот на Општина Новаци донесе одлука да му се додели еднократна парична помош на жител на с.Новаци за направена штета од елементарна непогода ( гром).

Back to top
Skip to content