Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Добредојде и успешен почеток во учебната 2016/2017 година

DSC_2888

За 27 првачиња односно за 269 ученици  денеска започна школската година во ЦОУ „Славко Лумбарковски“ во Новаци. Градоначалникот Лазар Котевски заедно со директорот на училиштето Васко Ристески денеска ги дочекаа и им посакаа топло добредојде и успешен старт на учебната 2016/2017 година. Како што е редот за плодна и усопечна година градоначалникот на сите ученици од прво до петто одделение им подари книга.

Годинава стартуваат вкупно 269 ученици од прво до деветто одделение кои својот наставне процес ќе го следат во централното училиште во Новаци и 8-те подрачни училишта. Во Новаци и Бач наставата се одвива од прво до деветто одделение додека во останатите 6 подрачни до петто одделение.

„Многу ме радува фактот што годинава имаме 27 првачиња од кои 10 во Новаци а останатите во другите подрачни училишта. На ниво на општината  бројката на ученици во ЦОУ Славко Лумбарковски се зголеми за 20 тина нови ученици во однос на лани. Наставата ќе се одвива во 8 подрачни училишта . Се е во ред , нема никакви финансиски  или друг вид на проблеми,преземени се сите мерки кои се потребни за непречено одвивање на наставниот процес.“ рече градоначалникот Котевски.

Образовниот процес во Центарот за ран детски развој во Новаци, каде се згрижени околу 20 тина дечиња на претшколска возраст ќе започне од понеделник. Наставата привремено ќе се одвива во просториите на Културниот центар во Новаци заради изградба на градинката и нејзино проширување.

Нoвaтa учебнa гoдинa ќе јa пoчнaт oкoлу 270.000 ученици, oд кoи 188.000 oснoвци и 80.000 среднoшкoлци. Спoред последните пoдaтoци од Министерството за образование и наука, зaпишaни се 21.250 првaчињa, нo oвoј брoј не е кoнечен зaштo уписите вo првo oдделение трaaт и вo текoт нa септември.
Инaку, вo минaтaтa 2015/2016 гoдинa беa зaпишaни 21.844 првaчињa, a претхoднaтa 2014/2015 имaлo 21.463.

Back to top
Skip to content