Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Советот на општина Новаци ја одржа 10-тата седница

На денешната десетта седница се разгледаа и изгласаа околу десеттина точки на дневен ред. По усвојувањето на записникот од претходната седница , советниците донесоа предлог одлука за заедничко организирање на јавен линиски превоз на патниците на подрачјето на општините: Битола, Могила и Новаци.

Исто така беше донесена предлог одлука за подигање на спомен поча на загинатите војници во прва светска војна на т.н Солунскиот фронт.Советниците донесоа и предлог решение за именување на членови на Одбор за подигање на спомен плоча на загинатите војници.

Беа разгледани и донесени неколку предлог одлуки за вклопување на објекти во идна планска урбанистичка документација за село Далбеговци.

На денешната седница беше разгледано и одобрено барањето од месна заедница на село Далбеговци за набавка на пластично црево во должина од 500 метри и месна заедница на село Будимирци за набавка на градежни материјали за санација на црквата Св. Никола.

Како последни точки на дневниот ред кои беа рагзледани се барањата на КИК Новаци за одобрување на финансиски средства за одржување на четвртиот фестивал на детска книга „ Мост меѓу две срца“ и барањето на финансиски средства од здружението Пелагониски културно научни средби за печатење на Зборник бр. 13.

Back to top
Skip to content