Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Советот на општина Новаци ја држа 10-тата седница

Советот на општина Новаци ја одржа десеттата седница  на која се разгледуваа петнаесеттина точки на дневен ред.

По усвојувањето на записникот од осмата и деветтата седница, советниците го изгласаа кварталниот извештај за извршување на буџетот на општина Новаци за извештајниот период(кумулативно) за квартал од 01.01.2018 година до 31.03..2018 година. Потоа разгледаа и одобрија неколку барања и тоа:од Здружение Меморијален турнир во мал фудбал ПЕЦАК-ПМ 2001-Новаци за одобрување на финансиски средства за организирање на  меморијален турнир ,,Пеце Матичевски,,-Новаци, од ПЗУ ДР Даскал с.Новаци одобрување за поставување на ограда на дел од дворот на амбулантата во с.Маково, и да се постави улично осветлување на бандерата пред амбулантата и од Месна Заедница с.Добромири за изградба на ограда околу селска црква Св.Талалеј и патека со бекатон плочки.

Исто така беше усвоена измената на  Програмата за одржување на јавната чистота на територијата на општина Новаци за 2018 година на Ј.П. за Комунални дејности ,,Комунална Хигиена,,Новаци, измената на Програмата за изградба,реконструкција и одржување налокалните патишта и улици во општина Новаци за 2017 година, барањето на ЦОУ Славко Лумбарковски од Новаци за одобрување на средства за автобуски превоз за екскурзија на учениците како и давање согласност за отворање на уште една(1) паралелка во ПУс.Г.Агларци.

Советниците донесоа одлука за формирање на комисија за реализација на културно лето 2018 година.

Советот на општина Новаци донесе одлука за исплаќање на средства на ДПТУ Миле Крстевски Доо Битола по фактура испратница за извршени услуги одржување на водоводи а беше одобрено и барањето на физичко лице од Новаци за одобрување на финансиски средства за лекување

Back to top
Skip to content