Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Се одржа третата форумска сесија во општина Новаци

dsc_6208

Изградба на индустриска зона, базен и реконструкција и асфалтирање на улици се проектите за кои најмногу гласови дадоа жителите на општина Новаци на денешната трета форумска сесија.

„ Денеска на оваа трета форумска сесија жителите на општина Новаци имаа можност да гласаат за четири програми од буџетот и за 16 приоритетни проекти кои ги предложија на претходната форумска сесија. Најмногу гласови дадоа за капитални  инвестиции кои ќе се реализираат подолг временски период како што се изградба на базен, индустриска зона, асфалтирање на улици, одржување на полски патишта и слично.Но се разбира дека сите предложени проекти заради реалноста ќе бидат земени во предвид и ќе бидат испланирани во буџетот на општина Новаци за следната 2017 година  “ рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

Граѓаните дадоа многу конструктивни предлози кои реално можат да се вклучат во буџетот на општината  како што се изградба на водопоила, атмосферска канализација, водовод во с. Мегленци, брана во с. Живојно, поддршка за културни манифестации, санација на училиште во с. Рапеш, инфо центар во Мариово , отворање на фитнес центар и центар за странски јазици и слично , рече градоначалникот Котевски.

Учесниците на форумот позитивно ја оценуваат целата програма, затоа што , како што велат, ова е можност за подобрување на стандардот на населението.

Програмата „Форуми во заедницата – Буџетски форум “ претходно се спроведуваше во соработка со ФЦУ, ЗЕЛС и Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), но годинава општина Новаци ќе го организира самостојно заради корисноста на проектот.

Целта на програмата „Форуми во заедницата – Буџетски форум“ е планирање на општинскиот буџет за следната година  во консултација со граѓанството во зависност од нивните потреби. Буџетскиот форум е најдобра можност општината да покаже високо ниво на транспарентност и отчетност пред граѓаните. За граѓаните ова е можност да увидат дека планирањето на ограничените средства не е воопшто лесно и дека општината не може да ги оствари сите приоритети.

 

Back to top
Skip to content