Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Новогодишната претстава „Зимски игри“ на театарот „Бабец“ во Новаци

tnt_8686

Глумците од Театарот за деца „Бабец“ од Битола денеска за дечињата од општина Новаци ја одиграа новогодишната претстава „Зимски игри“ .Салата беше претесна за да ги собере сите љубопитни дечиња и нивните родители зафатени од предновогодишната еуфорија.

„ Секоја година организираме посета на некој театар кој ќе изведе новогодишна претстава за дечињата од нашата општина. Исто така општината за сите дечиња кои одат на училиште,ги посетуваат центрите за ран детски развој , како и за социјалните случаи купува новогодишни пакетчиња.  “ рече Лазар Коетвски,градоначалник на општина Новаци.

Ваквите културни случувања придонесуваат многу за едукативниот и културниот развој на децата од руралните средини.

Влезот за претставата беше бесплатен а присуствуваа сите дечиња од општина Новаци.

Back to top
Skip to content