Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Отворен Петтиот Меѓународен турнир во фудбал за млади пионери во Новаци

14206042_10154497956763988_7605169241659127991_o

Викендов во Општина Новаци се одржа традиционалниот, петти по ред, Меѓународен турнир во фудбал „Новаци ЛГ куп 2016“, кој традиционално се одржува во пресрет на празникот 8-ми септември – денот на независноста на Република Македонија.

Учествуваа 40 екипи , 600 деца и 40 тренери од 21 фудбалски клубови од Македонија, Србија, БИХ и Грција. Натпреварите се одржуваа помеѓу фудбалерите од генерациите 2002-2008 година.

„ Доаѓаат гости секоја година, задоволни си заминуваат од Новаци и од турнирот кој се организира тука. Преблагодарни се ид ецата и ние организаторите на големото срце што го имаат тука во општина Новаци. “ вели Лазе Гаштаров , организатор од ЛГ.

14205984_10154497959678988_792418527867579997_o

Турнирот свечено го отвори градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски кој истакна дека оваа традицијата ќе продолжи и понатаму.

’’ Кога пред 5 години прв пат го организиравме турнирот се надевавме дека секоја година ќе биде побогат  со учесници, но тоа не остана само надеж. Годинава Општина Новаци е домаќин на 21 фудбалски клубови односно 40 екипи од различни генерации или  600 дечиња и 40 тренери од Македонија, БИХ. Србија и Грција. За два дена на терените во Новаци и Битола ќе се одиграат вкупно 74 натпревари во сите генерации од 2002-208 година.“ рече градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски.

За најдобрите екипи организаторот обезбеди пехари и медали за освоено 1,2,3 и 4 то место но и поединечни награди за најдобар играч,стрелец и голман.

„ Тука сме веќе 4 –та година по ред, многу ми е мило што имаме добри пријатели тука и се надеваме дека ќе продолжи соработката и поатаму. “  рече учесник од Грција.

„ Задоволен сум од престојот тука, ги поздравувам организаторите, имаме добра екипа доаѓаме од Прешево, Србија. “  рече учесник од Прешево,Србија.

„  “  рече учесник од БИХ.

„ Морам да кажам дека од година во година овој турнир добива се поголема димензија и дека за овој турнир ќе се слушни далеку. Секоја чест на домаќинот на организацијата, се е совршено. “  рече учесник од Србија.

На оваа манифестација учество зедоа околу 600 деца и 40 тренери.

 

Back to top
Skip to content