Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Заврши меѓународниот фудбалски турнир „Новаци ЛГ Куп 2016“

TNT_1047

Заврши Меѓународниот фудбалски турнир „Новаци ЛГ Куп“ 2016, на кој фудбалските вештини ги одмерија околу 600 млади фудбалери 2002-2008 генерација од пионерските клубови на Србија, Грција, БИХ и Македонија.

TNT_1035На дводневниот меѓународент фудбалски турнир „Новаци ЛГ Куп 2016“ беа доделени следните награди:

-Во генерација 2002  четвртото место го освои ФК Сремчица , Србија, трето место за ФК ПАС Флорина, второ место екипата од ЛГ Битола а првото место му припадна на ФК Пелистер, Битола.

Во генерација 2004 за најдобар голман беше прогласен Атанасиос Ставридис од ФК Пас Флорина, најдобар стрелец Талевски Михаил  од ЛГ Битола а најдобар играч пападопулос Христос од ПАС Флорина.  Ќетврто место освои ФК Букуроца, Прешево, Србија, третото место го освоија фудбалерите ФК Пелистер Битола, второто место го освои екипата на ЛГ Битола а првото место му припадна на ПАС Флорина.

Во генерација 2006 за најдобар голман беше прогласен Димовски Натанаил од ФК Пелистер, за најдобар стрелец беше прогласен Стојчев Благојче од ФК Форца, а најдобар играч беше Крстевски Габриел од ЛГ Битола. Четврто место освои ФК Перак Прилеп, третото место го освоија фудбалерите на ФК Пелистер  , второ место ФК Форца  а првото место му припадна на ЛГ Битола.

Во генерација 2007 за најдобар голман беше прогласен Михаил Блажевски од Топ гол од Битола, најдобар стрелец Данило Савин од Руданка, БИХ, а најдобар играч Кузмановски Бобан од Фер Плеј. Четврто место во оваа генерација освои ФК Фер плеј,третото место го освоија фудбалерите на Топ гол, второ место Руданка од БИХ, а првото место му припадна на екипата на Фер Плеј.

Во генерација 2008 за најдобар голман беше прогласен Симоновски Јован од Прилеп, а најдобар играч Лука Варашановски од прилеп. Четврто место во оваа генерација освои ФК Пелистер. третото место го освоија фудбалерите на ФК Форца, второ место ЛГ Битола, а првото место му припадна на екипата на Прилеп.

Back to top
Skip to content