Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Новаци и Дуги Рат од Хрватска разменуваат искуства за рециклирање отпад

Градоначалникот Љубе Кузманоски ја предводи општинската делегација во посета на збратимената општина Дуги Рат од Р.Хрватска.

На покана на градоначалникот на општина Дуги Рат од Р.Хрватска г-дин Јерко Роглич , делегација од општина Новаци и Советот предводена од градоначалникот Љубе Кузманоски е во посета на истоимената општина.
Со оваа хрватска општина, општина Новаци е збратимена од 2013-та година и веќе 6 години се остваруваат вакви средби кои се важен чекор за зацврстув
ање на заедничката соработка.

На средбата е укажана потребата од понатамошно унапредување на соработката и нејзино насочување кон одредени дејности. Пред се, унапредување на културната и размената на образовните институции, но и поголемо поврзување на бизнис заедницата.
Двајцата градоначалници со претставниците од советите и надлежните одделенија од општините разговараа за своите досегашни искуства и предизвиците со кои се соочуваат во своите општини и изразија желба за продлабочување и конкретизирање на меѓусебната соработка на повисоко ниво во насока на искористување на европските фондови , можноста за инвестирање , работење на заеднички проекти итн.

Градоначалникот Кузманоски го посети стопанскиот двор на ЈП за комунален отпад од Дуги Рат каде што учествуваше на презентацијата на Планот за управување со комуналниот отпад и негова рециклажа.
“Двете општини како долгогодишни пријатели, треба да воспоставиме поблиска соработка и на полето на ЛЕР и на економијата.Наша обврска е да ги воспоставиме врските меѓу бизнис заедниците, а тие понатаму ќе ја трасираат својата соработка. Општина Новаци и општина Дуги Рат имаат големи потенцијали за развој, а соработката со Дуги Рат која се одржува веќе 6 години значи дека бизнисмените оттаму може лесно да остварат контакти со овдешните стопанственици”-истакна градоначалникот Кузманоски .

Градоначалникот на општина Дуги Рат г-дин Јерко Роглич го изрази своето задоволство и чест што нивната општина е домакин на гостите од збратимената општина Новаци и изрази надеж дека во иднина ќе продолжи ова пријателство на повисоко ниво затоа што овие две збратимени општини имаат многу заеднички цели и потреби .

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top
Skip to content