Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

ЗАПОЧНА 6-ОТ ПО РЕД МЕМОРИЈАЛЕН ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ “ПЕЦЕ МАТИЧЕВСКИ” ВО НОВАЦИ

Градоначалникот на општина Новаци Љубе Кузманоски вечерва свечено го отвори 6-от по ред Меморијален турнир во мал фудбал “Пеце Матичевски ” кој во наредните 20-тина дена ќе се одржува во повеќенаменското игралиште во Новаци .
Меморијалниот турнир како настан веќе 6-та година се одржува во чест и сеќавање на загинатиот бранител и херој Пеце Матичевски кој е по потекло од Новаци .

“Голема е честа да се биде дел од еден ваков меморијален настан каде веќе 6-та година го организираме во чест и сеќавање на нашиот херој Пеце Матичевски “.Големо е делото на овој наш херој кој го даде животот за татковината , но уште е поголема нашата чест достоинствено да го зачуваме од незаборав неговиот лик .Веќе овој турнир станува традиционален и како локална самоуправа даваме силна поддршка не само за овој спортски настан туку и за сите спортски клубови на ниво на општината бидејќи спортот не е само игра , навивање и резултати туку општествена активност преку која на сите учесници вклучувајќи ги посебно младите можат правилно да се развиваат во едно здраво општество.На сите учесници им посакувам среќа и фер игра во која најдобрата екипа ќе издвојува победа .”-истакна градоначалникот Кузманоски .

Оваа година на турнирот учествуваат 32 екипи поделени во 8 групи .Котизацијата за учество изнесуваше 4000 денари ,средства кои ќе се користат за организација и за наградите кои ќе се доделат на победничките екипи .
Сите љубители на мал фудбал можат во наредните 20-тина дена да бидат дел од овој голем спортски настан кој се одржува во спортскиот комплекс во Новаци

Главен покровител на Меморијалниот турнир е општина Новаци

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top
Skip to content