Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Чистење на канали на територијата на Општина Новаци

По писмена порака испратена на веб страната на Општина Новаци во рубриката „Пријави проблем“ за преземање на активности за чистење на каналот обраснат со вегетација , денеска по налог на градоначалникот на Општина Новаци Стевче Стевановски , екипа на комуналното претпријатие излезе на терен.

„Излеговме на терен да го санираме каналот на потегот од раскрсницата кон РЕК  до горниот дел од Новаци, да го исчистиме од обраснатата бујна вегетација по претходно барање на наш жител. Ја имаме потребната механизација само истата  треба да се стави во функција односно треба да се почни да се работи. Од сега натаму поставивме едно темпо кое ќе го тераме се во интерес на жителите на Општина Новаци.“ рече Стевче Стевановски, градоначалник на Општина Новаци.

Општина Новаци од сега натаму ќе биде сервис на граѓаните. Токму затоа ги охрабрувам и апелирам жителите за секој проблем да се јавиваат или да пишуваат на веб страната на општината во рубриката „Пријави проблем“ а  нашите служби ги процесуират барањата до соодветните службеници и потоа за истите ќе се реагира соодветно со цел нивно решавање. Еден таков случај е денешниот, вели Стевановски.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top
Skip to content