Теренска посета на градежните активности во Гермијан
Заменик министерот за локална самоуправа Дејан Павлески, градоначалникот на општина Новаци, Љубе Кузманоски и раководителот на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион Гого Видимче направија увид на градежните активности во с. Гермијан каде се гради улица и се поставуваат тротоари.
Проектот е поддржан од Влада на Р.Македонија и чини 1.330.569 денари , средства обезбедени од Бирото за рамномерен регионален развој . За Пелагонискиот регион се издвоени 35 милиони денари .Изведувач на градежните работи е Бенар конструкшн од Битола.
Исто така од Бирото за рамномерен регионален развој се обезбедени средства во износ од 1.365.269 денари за проект -употреба , одржување и реконструкција на улица во с. Градешница .
Владата на Р. Македонија и во иднина посветено ќе работи на подеднаков развој на сите региони вклучувајќи ја и Општина Новаци .Со помош на фондовите на Европска Унија кои се зголемуваат од година во година , развојот во иднина ќе биде уште по забрзан , а квалитетот на живот на сите граѓани видливо ќе се подобрува
0 Comments