Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Средба со пензионерите од здружението на пензионери од општина Новаци и здружението на жени пензионери “Силата на Бабата” од Новаци

Градоначалникот Љубе Кузманоски заедно со заменик директорот на Фондот за Пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија г-дин Илија Ивановски , претседателот на здружението на пензионери од Битола г-дин Томе Димитровски и градоначалникот на општина Крушево г-дин Томе Христоски, остварија средба со пензионерите од здружението на пензионери од општина Новаци и здружението на жени пензионери “Силата на Бабата” од Новаци .

Се разговараше на теми од интерес на пензионерите,за новото покачување на пензиите, состојбата на пензискиот фонд, барањата од страна на пензионерите и други актуелни прашања.

Градоначалникот Кузманоски ја оцени како продуктивна ваквата блиска средба на пензионерите со високи претставници од Фондот на ПИОСМ и соработката со здружението на пензионери од Битола.Градоначалникот ја истакна и максималната поддршка кон сите пензионери од општина Новаци од страна на локалната самоуправа.

Заменик директорот на Фонтот на ПИОСМ г-динот Илија Ивановски пред присутните пензионери потенцираше дека со пензиската реформа којашто стартуваше на почетокот на годината пензиите се стабилни и продолжуваат континуирано да растат на сметка на направената заштеда во Буџетот од 4 милијарди денари.

“Со пензиската реформа е обезбедена редовна исплата на пензија на сегашните, но и на идните пензионери, без при тоа да се зголеми старосната граница за пензионирање. Со Закон се воведува редовно усогласување на пензиите и тоа два пати годишно. Пензиите ќе се усогласуваат два пати во годината според процентот на пораст на трошоците на живот и тоа 100% со порастот на трошоците на живот, наместо 50% како што беше претходно. Она што е најбитно е дека пензиите веќе се исплаќаат без позајмица бидејќи приходите во Фондот се зголемуваат што е резултат на покачувањето на минималната плата и на просечната плата , зголемување на стапката на придонеси од 18 на 18,4 % , новите работни места од над 60.000 во последните 2 и пол години и се разбира со домаќинско работење се успеа во стабилизација на Фондот со енормно намалување на буџетската дупка која се закануваше со нередовна исплата на пензиите.Денес пензиите не само што се стабилни туку и зголемени за 700 денари а со линеарното зголемување ќе имаме и намалување на јазот на повисоките пензии за сметка на пониските.”-истакна Г-динот Ивановски.

Владините политики во изминатите две и пол години беа насочени кон стабилизирање на пензискиот систем, а зголемувањето на износот на придонеси и намалувањето на дефицитот во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, овозможија значително зголемување на пензиите за сите категории пензионери.

Грижата за највозрасната група на граѓани продолжува, тоа се луѓе кои со својот труд и работа придонеле за градењето на општеството и токму затоа заслужуваат достојно внимание и почит.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top
Skip to content