Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Советот на Општина Новаци ја одржа 6 тата седница

На шестата седница на Советот на Општина Новаци се разгледаа и усвоија околу 15 тина точки на дневен ред.

Советниците ја определија висината на денарскиот и девизниот благајнички максимум, донесоа дополнување на предлог годишниот план за јавни набавки на Општина Новаци за 2022 година , програма за работа и годишен план за јавни набавки на комуналното претпријатие Комунална Хигиена Новаци и беше разгледан извештајот за извршен редовен годишен попис во Општина Новаци со состојба 31.12.2021 година.

Советниците донесоа и неколку одлуки и предлог одлуки за: сопствено учество на Општина Новаци при аплицирање со проекти (20%), за утврдување на цена за снабдување со вода за пиење или водоснабдување за регулиран период од 2022-2024 година, за утврдување на потреба од поставување на урбана опрема, јарбол за истакнување на државното знаме во с.Гермијан, детски играчки и реквизити за забава и изградба на детски парк во Новаци и поставување на урбана опрема за спортска теретана на отворено со разни справи за вежбање кај спортската сала во Новаци.

Советот на Општина Новаци разгледа и донесе неколку предлог програми и тоа: за поставување на урбана опрема, за управување со животна средина во однос на влијанието на енергетскиот сектор во Општина Новаци за 2022 година и формираше пет члена комисија за разгледување на барањата за еднократна парична помош.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top
Skip to content