Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Советот на Општина Новаци ја одржа 5 тата седница

На денешната петта по ред седница на Советот на Општина Новаци се разгледаа и се усвоија неколку одлуки.

По усвојувањето на записникот од претходната седница, советниците го разгледаа и усвоија кварталниот извештај за периодот 01.01.2021 – 31.12.2021 година и планот за јавни набавки на Општина Новаци за 2022 година.

На денешниот дневен ред се најде и извештајот за искористените парични средства за Културно забавно лето Новаци 2021 година, кој беше разгледан но е беше усвоен.

Советниците разгледаа и усвоија и две предлог одлуки за отпочнување на постапка за донесување на урбанистичка планска документација за селата:Новаци, Рибарци, Живојно, Будимирци, Градешница и Гермијан и одлука за отпочнување на постапка за донесување на УПВНМ за изградба на објекти со намена Г2  во КО Новаци – вон градежен реон.

На денешната седница советниците донесоа одлука за предлог членови за комисија за утврдување на штети од земјотресот од 09.01.2022 година во состав: Благојче Бежановски, Борис Христовски, Христијан Масалковски, Благојче Петровски и Николовски Благојче.

Советниците на Советот на Општина Новаци како дополнителна точка на денешната седница го разгледаа и барањето на ФК Новаци од Новаци за финансиска помош, за кое едногласно беше одлучено да им се исплатат средства во висина од 140 000 денари строго наменети за исплата на заостанати плати за фудбалерите.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published.

Back to top
Skip to content