Советот на Општина Новаци ја одржа 34 тата седница
Советот на Општина Новаци ја одржа 34 тата седница со следниот дневен ред:
- Разгледување и усвојување на Записникот од 33-та седница на Совет на Општина Новаци;
- Разгледување и донесување на Одлука за проширување на средствата во Буџетот на Општина Новаци за 2023 година;
- Разгледување и донесување на измени и дополнувања на Програма за изградба и одржување на локалните патишта и улици во Општина Новаци за 2023 г.;
- Разгледување и донесување на Одлука за измена и дополнување на Одлуката за одобрување на финансиски средства за сопствено учество на Општина Новаци во програмата на УНДП: Општинско-корисна работа 2023/24 година, за реализација на проектот „Ранливи категории 4“;
- Разгледување и донесување на Одлука за одобрување на финансиски средства на сите студенти, жители на Општина Новаци, кои ќе се запишат во прва година – прв циклус студии на државените универзитети во РСМакедонија;
- Разгледување на Годишен план за вработување на МЈП „Пелалинк“- Битола, за 2024 година и донесување на Одлука;
- Разгледување на Барање за субвенционирање на обврските на ЈПКД „Комунална хигиена“ – Новаци за потрошена електрична енергија за водоснабдување;
- Разгледување на Барање од ЈПКД „Комунална хигиена“ – Новаци за назначување на 2 (два) члена во Управен одбор;
- Разгледување на Барање од ООУ „Славко Лумбарковски “– Новаци за набавка на дигитална инфрастуктура;
- Разгледување на Барање од МЗ с. Живојно за еден камион песок, за потребите на црквата „Св.Спас“;
- Разгледување на Барање од МЗ од с. Живојно за 3 камиони чакал за санација на патот до црквата „Св.Спас“ и манастирот “Св.Петка“;
- Советнички прашања.
На денешната седница како дополнување се разгледаа следните точки:
1. Разгледување на Барање од манастирот „ Рожденство на Пресвета Богородица“ Новаци, за финансиски средства за оддржување на престојниот верски празник на 20/21.09.2023г.(мала Богородица);
2. Разгледување на Барање од МЗ на с.Градешница за градежен матерјал (песок и тампон) за изградба на конак на манастирот „Св. Илија“ во с.Градешница;
3. Разгледување на Барање од МЗ на с.Будимерци за градежен матерјал (тампон)
и соодветна градежна механизација за санација на патот.
4. Барања за финансиска помош од физички лица по предлог на Комисијата за доделување на еднократна парична помош.
0 Comments