Советот на Општина Новаци ја одржа 32- рaта седница
На денешната седница на Советот на Општина Новаци советниците разгледаа околу десеттина точки на дневен ред и тоа:
- Разгледување и усвојување на Записникот од 31-та седница на Совет на Општина Новаци;
- Разгледување и донесување на Одлука за усвојување на тромесечен извештај за извршување на Буџетот на Општина Новаци за период од 01.01.2023г. до 30.06.2023г. (втор квартал);
- Разгледување и донесување на Одлука за пренамена на средствата во Буџетот на Општина Новаци за 2023 година;
- Разгледување и усвојување на Извештај за потрошени финансиски средства од ЗФК „Новаци 2005“ – Новаци во вкупен износ од 1.874.500,00 ден., заклучно до 06.07.2023г.;
- Разгледување и донесување на Одлука за одобрување на финансиски средства за престојување на преставници од Општина Новаци во Општина Дуги Рат, Република Хрватска;
- Разгледување на Барање од Општинска организација на Црвен Крст – Битола за финансиски средства за медицинско обезбедување на Меморијалниот турнир во мал фудбал „Пеце Матичевски“-Новаци;
- Разгледување на Барање од Месна заедница на село Добромири за материјална помош на семејството на Теодора Јолевска, дете со посебни потреби;
- Разгледување на Барање од ФК „ Далбеговци“ за финансиски средства за учество во есенскиот дел од натпреварувачката сезона 2023/2024.
- Разгледување и давање на согласност на Одлуката за утврдување на вредноста на бодот за пресметрување на платите на вработените во МЈП Пелалинк – Битола;
- Разгледување и усвојување на Годишен план за вработување на ЈКПД „Комунална хигиена“ – Новаци за 2024 година;
- Разгледување и донесување на Одлука за набавка на ротациона тракторска тањираста косачка и телескопски тракторски мулчер за потребите на ЈКПД „Комунална Хигиена“ Новаци
И на оваа седница имаше можност за поставување на советнички прашања.
Пред седницата на Советот на Општина Новаци, заседаваше и Комисијата за доделување на еднократна парична помош која разгледа неколку барања за финансиска помош од физички лица.
0 Comments