Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Советот на општина Новаци  ја  одржа 30-та седница

Советот на општина Новаци ја одржа 30-та седница на која се најдоа околу 35 точки на дневен ред.

По усвојувањето на записникот од 29-та седница  ,советниците од Советот на општина Новаци  расправаа по 35 точки  од  дневниот ред

 

Седницата на Совет започна со презентација и  објаснување на физибилити студија за модернизација  на улично осветлување во општина Новаци  кое ќе заврши со Договор за ЈПП како и објаснување на физибилити студијата за оправданост  за изградба  на мала хидро централа  на река Елешка .

Седницата продолжи со  разгледување на Извештаите од искористени финансиски средства за 2017,2018 –та од буџетот на општина Новаци  од страна на здруженија , фудбалски клубови и друштва со предходно излагање и презентација од страна на претставниците .

Советот  ги усвои Извештаите за искористени средства од буџетот за 2017 и 2018 година  и тоа :

-Извештај  на ЗФК Новаци 2005 Новаци  за доделени средства за 2017 г

-Извештај на ЗФК Новаци 2005 Новаци  за доделени средства за 2018 г

-Извештај  од  Здружение  Меморијален  турнир во мал фудбал  ПЕЦАК-ПМ 2001 Новаци  за 2018 г

-Извештај  од Здружение  за мода ПИКСИ СТУДИО  Новаци  за Културно –забавно Лето Новаци 2018

-Извештај од  Горскоспасително друштво ПГД АВА КОТА 1050 Новаци за 2018 г

Советниците  ги разгледаа и усвоија и следните Барања

-Барање од ЗФК Новаци 2005 за одобрување на финансиски средства за натпревари  во  трета македонска фудбалска лига  -пролетен дел за 2019 г  и за три младински екипи.

-Барање од Здружение  за запознавање  и патување  ОФ РОУД МАКЕДОНИЈА   од Битола за одобрување на финансиски средства  за еко-акција  во с.Зович.

-Барање од Манастирот  СВ.Никола  с.Манастир Мариово за набавка на градежни материјали или финансиски средства.

-Барање од ЈП  за   Комунални дејности Комунална Хигиена од Новаци  за одобрување на средстава за набавка на 2  моторни тримери за косење на тревата  и 1  самоодна  косалка .

-Барање од  Здружение  Меморијален турнир во мал фудбал ПЕЦАК-ПМ 2001 Новаци за  организирање на меморијалниот турнир  2019

-Барање од  Месна Заедница  с.Градешница  за одобрување на набавка  на градежни материјали .

Советот   усвои  и неколку Барања од физички лица за еднократна парична помош –социјална помош како и финансискиот план  на Програмата  на ПГД АВА КОТА 1050-Новаци за 2019 г

Советниците едногласно  ја  усвоија  Предлог –Одлуката за проширување на средствата  во буџетот на општина Новаци  за 2019 година, Предлог –Измената  на Годишниот План за јавни набавки на општина Новаци –јуни 2019 г ,   како и Одлуката за  започнување на постапка за давање на недвижни ствари  -простории под закуп , на дел од  објект-зграда  деловен простор Младински Културен Центар  во с.Новаци .

Усвоен е Конечниот Извештај   од извршена самоевалуација на училиштето ООУ Славко Лумбарковски –Новаци  за период ноеври –декември 2018 г  како и Преглед 1  на Барање мислење за формирање на чисти паралелки  од 1 до 9 –то  одделение за учебната 2019/2020 год .

Советот  ги усвои и следните Одлуки

-Одлука за Согласност  за кофинансирање на(20%) –Проект за Јавни работи за 2019 г

-Одлука за измена и дополнување на Одлука за одобрување на  финансиски средства за престојување на  претставници на општина Новаци  во Р.Хрватска –општина Дуги Рат

-Одлука за идобрување на финасиски средства  за престојување на претставници од општина Новаци  во Р.Турција .

Од вкупно 35 точки од дневниот ред усвоени се 30 точки .

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top
Skip to content