Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Советот на Општина Новаци ја одржа 28-мa седница

По разгледувањето и усвојувањето на Записникот од 27-та седница на Совет на Општина Новаци, седницата продолжи со разгледување на денешните дваесеттина точки кои беа ставени на дневен ред.

Советниците ги разгледаа и ги донесоа следните документи:

  • Програмата за поставување на урбана опрема на подрачјето на Општина Новаци за 2023 г.,
  • Извештај – преглед за реализација на Програмата за изградба, реконструкција и одржување на локалните патишта и улици во Општина Новаци за 2022 г.;
  • Програма за изградба и одржување на локалните патишта и улици во Општина Новаци за 2023 г.;
  •  Програма за одбележување значајни настани и истакнати личности со спомен обележја за период од пет години во Општина Новаци;
  • Програмата за начинот на изведување на училишни ексурзии и други слободни активности за учебната 2022/2023 година на ООУ „Славко Лумбарковски“ – Новаци за учениците од III (трето), VI (шесто ) и IX (деветто) одделение;
  • Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Новаци за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.01.2023 до 31.03.2023 год.;
  • Извештај од Комисијата за финансирање, буџет и ЛЕР при советот на Општина Новаци по објавен јавен повик за доделување на финансиска помош на здруженија на граѓани, фондации како спортски клубови, месни заедници, црковни одбори, културно – уметнички друштва, верски заедници и сл. од буџетот на Општина Новаци;
  • Одлука за одобрување на финансиски средства за престојување на преставници од Општина Новаци во Општина Хрпелје – Козина, Република Словенија;
  • Барање од Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола за финансиска поддршка во организирање на отворен ден под мотото „УКЛО со пријателите – нови перспективи“;

Советниците ја разгледаа точката но одлуката ја одложи за наредна седница за Програмата за изработка на урбани планови на територијата на Општина Новаци за 2023 г.;

Како дополнување на дневниот ред , советниците разгледаа 4 барања  за финансиска помош од физички лица по предлог на Комисијата за доделување на еднократна парична помош, како и Одлука за обезбедување на косачки машини за одржување на дворовите во централното и подрачните училишта во Општина Новаци.

Седницата заврши со советнички прашања.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top
Skip to content