Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Советот на општина Новаци ја одржа 14-тата седница

Советот на општина Новаци ја одржа 14 тата седница на која разгледаа и донесоа одлуки по петнаесеттина точки кои се најдоа на дневен ред.

По усвојувањето на записникот од претходната седница, расправата продолжи цо донесување на ланот за измена и дополнување на годишниот план за јавни набавки на општина Новаци за 2018 година – јули 2018 г, , донесоа одлука за одобрување на средства за работна посета во Измир (Република Тирција), беше усвоен Извештајот за одржани обуки за професионален и кариерен развој на наставниците, стручните соработници и Директорот на ООУ Славко Лумбарковски, одлука за одобрување средства за исплата на фактури за одржани обуки за професионален и кариерен развој на наставниците, стручните соработници и Директорот на ООУ Славко Лумбарковски и  одлука за пренамена на средсва во Буџетот на општина Новаци за 2018 година.

Исто така беше донесена одлука за вклупување на бесправно изграден објект на КП 667 во Ко Добровени по барање на Живко Гагалевски од Битола, предлог-Одлука за неспроведување на стратегиска оцена и измена на Одлука за одобрување на средства на ООУ,,Славко Лумбарковски,,Новаци за автобуски превоз бр.14-456/14 од 26.04.2018 година.

Советниците ја разгледаа и донесоа одлука за одобрување на средства за набавка на градежни матерјали(бетонски цевки Ф-400) на Месн заедница с.Бач

           

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top
Skip to content