Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Советот на Општина Новаци ја одржа 14 тата седница

На денешната 14 та седница на Советот на Општина Новаци се разгледуваа околу 30 тина точки на дневниот ред.

По усвојувањето на записникот од претходната седница, советниците  го разгледаа и го усвоија кварталниот извештај за извршување на буџетот за Општина Новаци за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.01.2022 година до 30.06.2022 година, предог- годишен план за јавни набавки на општина Новаци 2022г.- измена Јуни 2022г. (набавка на градежни матерјали железо, арматура и дрвена граѓа), беше усвоен предлог – социјалниот план на Општина Новаци поднесен од страна на Општински совет за социјална заштита, годишниот извештај за работата на ЗУСК Славко Лумбарковски –Новаци за учебната 2021/2022г, кварталниот извештај за извршување на буџетот на OОУ„Славко Лумбарковски“ за квартал од 01.04.2022г. до 30.06.2022г, годишниот план за вработување од ООУ „Славко Лумбарковски“ –Новаци и предлог – програмата за измена и дополнување на Програмата за јавна чистота  на територија на општина Новаци за 2022г.

Советниците донесоа и предлог одлука за разрешување на член на Комисијата за процена на штети од елементарни и други непогоди и именување на нов член, го разгледаа прегледот за формирање на паралелки во ООУ „Славко Лумбарковски“ – Новаци.

На денешната седница на советот на Општина Новаци се разгледаа и неколку барања  и тоа: од Манастирскиот одбор на манастирот Св.Никола од с.Суводол за 6 кубици песок за изведување на градежни работи кај манастирот, од одборот на манастирот Св Никола во с.Суводол за градежен матерјал (бекатон плочки за поплочување и уредување на манастирскиот двор во површина од 600 м².), за одобрување на материјална или финансиска помош за доизградба на манастирскиот комплекс при манастирот Св.Атанасиј Велики с.Старавина, од Здружение за развој и ревитализација ПЕШТА од с.Градешница за градежен матерјал за потребите на црквите во село Градешница (пласифициран плех 48м² за настрешница), од Црковниот одбор на црквата Св.Петка во с.Скочивир за градежен матерјал (греди, лајсни, ќерамиди и сл.) во износ од 200.000,00 денари., од Црковниот одбор на црквата Св.Атанасиј Велики во с.Новаци за градежен матерјал за потребите на црквата ( 35 вреќи цемент, 4 арматури-мрежи и 12 кубици песок.) од Црковен одбор од с.Живојно за финансиски средства за одбележување на христијанскиот празник „Илинден“ ., од Mесна заедница на с.Рибарци за лицето Лазевки Трајан за поставување на бетонска цевка Ф 500 на земјен пат во должина од 5 м поради пропуштање на водата од изградениот бетонски канал изграден од општина Новаци , од Месна Заедница на с. Новаци за градежен матерјал потребен за реконструкција на постоечки детски парк сместен на излезот од селото на патот кон село Добромири., од Месна заедница с.Рапеш за достава на вода за пиење поради техничка неисправност на постоечката вода за пиење, од Месна Заедница на село Арматуш за организирање на дистрибуција на вода со камион цистерна, 2-3 пати неделно до надминување на сушниот летен период., од Месна заедница с.Долно Орехово за мехнизација СКИП за ископување на канал во должина од 800 м за поставување на црево за селски водовод , од Месна Заедница с.Гермијан за реконструкција на постоечко водопоило сместено во селото,  поставување на одводна цевка Ф 200 мм во с.Рибарци.

Претходно на посебна седница Комисијата за доделување на еднократна парична помош при Советот на Општина Новаци разгледуваше и неколку барања од физички лица за лекување, кои се најдоа на дневен ред на денешната седница.

Како дополнување на денешниот дневен ред на 14 тата седница , советот на Општина Новаци ги разгледа и можностите за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу општините Новаци и Битола за вршење на определени работи во надлежност на инспекција за животна средина и комунални дејности од страна на Општина Битола во корист и за сметка на Општина Новаци, како и барањето за финасиска поддршка за покажан личен допринос во натпреварувачката сезона во пролетниот и есенскиот дел во 2021г. на членовите од тимот на ФК„ Новаци 2005“.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top
Skip to content