Се одржа Државното ридско првенство на Македонија
Денеска се одржа Државното ридско првенство на Македонија во организација на Велосипедскиот клуб Пелистер 15 Мај од Битола, по четврт пат во Битола. На него зедоа учество 12 клубови со над 70 велосипедисти во сите категории: у13, у15, кадети, јуниори, у23, сениори, мастерс и жени. Се возеше од хотел Капри Битола до ски центарот Нижеполе во должина од 12 километри.
Ја имав таа чест на најуспешните велосипедисти да им ги доделам признанијата.
Со голeмо задоволство го поддржав настанот и ги бодрев велосипедистите од новоотворениот клуб Нова бајк од Новаци. Во иднина планираме вакви и слични настани да се организираат и во Општина Новаци во интерес на младите и спортот
0 Comments