Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

САНАЦИЈА НА ЧЕТИРИ РАКОМЕТНИ ИГРАЛИШТА ВО ОПШТИНА НОВАЦИ

Општина Новаци продолжува да инвестира во развој на спортската инфраструктура што значи грижа за постоечките, реконструкција, санација и изградба на нови спортски терени и објекти.Во тек се градежни активности за санација на четири ракометни игралишта и тоа во с.Добромири, с.Гермијан, с.Далбеговци и с.Горно Агларци.Градоначалникот Љубе Кузманоски изврши увид на градежните работи за санација на ракометното игралиште во с.Добромири.Санацијата на игралиштата опфаќа нов слој на асфалт, нова жичана мрежа на оградите, монтажа на клупи за седење, обележување на терените, нови и санација на постоечки спортски реквизити и многу други работи така што во нов лик ракометни игралишта ќе ги пречекаат учениците во септември.Општина Новаци за санација на овие спортски терени од сопствен буџет издвои 6 милиони денари.Инвестираме во младите, создаваме здрави навики и го јакнеме спортскиот дух.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top