РЕАЛИЗИРАНИ ПРОЕКТИ ОД ПАТНА ИНФРАСТРУКТУРА-ЛОКАЛНИ УЛИЦИ И ПАТИШТА И РЕГИОНАЛНИ ПАТИШТА ЗА ПЕРИОД 2018-2019 ГОДИНА
Во изминатите 2 години локална власт континуирано се работи на подобрување на локалната патна инфраструктура .Благодарение на централната власт преку соработката со ЈП за државни патишта на РСМ , Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и Бирото за Рамномерен Регионален развој решени се децениски проблеми преку асфалтирање на регионални и локални патишта .
✅Од Буџетот на општина Новаци во изградба ,реконструкција и одржување на локални патишта и улици за 2018 и 2019 г издвоени се околу 10 милиони денари .
✅Од Буџетот на ЈП за државни патишта на РСМ за изградба на регионални патишта издвоени се 48 милиони денари .
✅Од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој издвоени се околу 24 милиони денари .
✅Од Бирото за Рамномерен Регионален развој искористени се 5.000.000 денари.
Во соработка со ЈП за Државни патишта на РСМ асфалтиран е регионалниот пат (Рапеш-Старавина) во должина од ✅9 км со вкупна вредност од 36.000.000 денари .Со ова го решивме деценискиот проблем на жителите од Мариовскиот крај .
Во соработка со ЈП за Државни патишта на РСМ асфалтиран е регионалниот пат Скочивир до Излетничкото место на река Коњарка во должина од ✅3км и вредност од околу 12.000.000 денари .
Со 61.000.000 милион денари од Буџетот на ЈП за Државни патишта извршена е целосна рехабилитација на регионалниот пат Р1311 ( Битола –Новаци –Рек Битола), во должина од ✅12 км.
Преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој асфалтиран е локалниот пат до населено место с.Тепавци во должина од ✅3 км и вкупна вредност од -18.901.948 денари , асфалтиран е и локаленниот пат Р511-Крстосница с.Старавина –с.Будимерци до манастир Св.Атанас с.Старавина во должина од ✅811,65 метри со вкупна вредност од -4.601.062 денари.
Преку Бирото за Рамномерен Регионален развој искористени се околу 5 милиони денари во изградба на улици во с.Градешница со бехатон плочки со вкупна должина од ✅1200 метри .
Од Буџетот на општина Новаци за изгадба на локални улици по Програмата за изградба , реконструкција и одржување на локалните патишта и улици издвоени се околу 10 милиони денари и тоа за асфалтирање на нови локални улици во должина од ✅2500 метри и тоа во следните населени места –(с.Гермијан , с.Брод , с.Гнеотино до манастир Св.Стефан,с.Скочивир, с.Добровени ,с.Д.Агларци , с.Г.Агларци ,с.Новаци , с.Суводол до манастир Св.Никола ,с.Далбеговци , с.Бачи с.Живојно).
ОПШТИНА НОВАЦИ Е НА ПРАВ ПАТ!
0 Comments