Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Работен состанок со заменик министерот за животна средина Макрадули

Претставници од Општините Новаци ,Могила и Битола , невладиниот сектор и менаџментот на РЕК на работна средба со заменик министерот за животна средина и просторно планирање г-дин Јани Макрадули .

На средбата се разговораше за А – интегрираната дозвола која комбинатот треба да ја добие во октомври како и за поефикасно спроведување на обврските кои произлегуваат од истата.
Во таа насока, се дефинираше дел од заедничките проекти од областа на заштитата на животната средина како што се десулфуризацијата односно намалување на SOx и прашина, одлагалиштата за пепел во РЕК Битола, санација на армирано-бетонски плаштa и замена на азбест цементните елементи со нови еколошки материјали, т.е. изнаоѓање на најефикасен начин на третирањето на азбестниот отпад, како и пошумувањето во РЕК Битола за потребите за рекултивација на површинскиот коп и одлагалишта за јаловина и депонијата за пепел.
ОД РЕК информираат дека за 6 пати од минатата година е намалена отскриената површина со пепел на депонија, намалена е емисијата на штетни  честички од површното одлагање на пепелта што говори податокот на намалена површина на отскриена пепел од 30000 метри квадратни на 5000 метри квадратни.
Генералниот директор Васко Ковачевски дефинираше неколку еколошки проекти за заштита на животната средина кои ќе придонесат за намалување на загаденоста .

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top
Skip to content