Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Пуштено во употреба отвореното спортско игралиште за мал фудбал во село Бач

Денес беше направен увид и беше пуштено во употреба отвореното спортско игралиште за мал фудбал во село Бач.

Општина Новаци овој проект го реализираше во заедничка соработка со Центарот за Развој на Пелагонискиот Плански Регион и Бирото за регионален развој.

Отвореното спортско игралишете за мал фудбал e изградено по најсовремени модерни стандарди со вклучени безбедносни решенија, два реда трибини од двете подолжни страни, тротоар патеки и метална ограда по обемот на објектот, како и адекватна заштитна мрежа зад головите.

Вредноста на овај проект изнесува над 6 милиони денари.

Општина Новаци и понатаму ќе се залага да создаде услови за подобрување на квалитетот на изведување на училишната настава на ЦОУ „Славко Лумбарковски“ во село Бач, како и квалитетот на живеење од аспект на унапредување на можностите за спорт и рекреација на локалното население од селото и пошироката околина.

Изграденото отворено спортско игралиште за мал фудбал во Бач е уште еден успешно реализиран проект во партнерство и соработка со Пелагонискиот плански регион.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top
Skip to content