Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

ПРЕКИН НА ВОСПИТНО – ОБРАЗОВНИОТ ПРОЦЕС ВО ГРАДИНКИ, ОСНОВНО, СРЕДНО И ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ

Фотографија на Љубе Кузманоски - Градоначалник на Општина Новаци.

ПРЕКИН НА ВОСПИТНО – ОБРАЗОВНИОТ ПРОЦЕС ВО ГРАДИНКИ, ОСНОВНО, СРЕДНО И ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ

Почитувани,

❗️Согласно одлуките на Владата на РСМ и Министерството за здравство, Ве известуваме дека од денес , 11.03.2020 година (среда) сите основни училишта на територијата на Општина Новаци вклучувајќи го и Центарот за ран детски развој –“БАМБИ”, времено ќе запрат со воспитно – образовниот процес во траење од 14 дена,како дел од мерките и активностите за превенција од ширењето на Covid 19 – коронавирусот.

❗️Инаку, согласно владината одлука, за еден родител со дете до 10 годишна возраст, се дозволува отсуство од работно место во јавните и приватните институции, во споменатиот рок од 14 дена.

❗️Исто така, се забрануваат масовни јавни собири на отворено и затворено

❗️Се забрануваат организираните патувања во високо ризичните земји.

Ги повикувам сите мои сограѓани, во наредните денови да бидеме свесни и совесни, да се информираме тековно и 100% да ги почитуваме и применуваме дадените препораки.
❗️Стоп за ширењето на лажни вести !

За подетални информации можете да се информирате од соопштението на Министерството за здравство на следниот линк:👇

http://zdravstvo.gov.mk/vo-narednite-denovi-se-prekinuva-vospitno-obrazovniot-proces-i-nastava-a-za-eden-roditel-do-10-godishna-vozrast-na-decata-kje-se-dozvoli-otsustvo-od-rabota-koe-kje-bide-celosno-plateno-vo-javnite-i-pr/?fbclid=IwAR1K_cvh9AyqdW3978dKeJ7CYt7cMFu-5u2GrkX-G_TfuHumfYfWAUOqOZ0

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top