Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Потпишан меморандум за соработка помеѓу Општина Новаци и Правен факултет Битола

Градоначалникот на Општина Новаци, Стевче Стевановски и деканот на Правниот факултет  при Универзитетот „Свети Климент Охридски“ Битола, проф. Д-р Горан Илиќ,  потпишаа Меморандум за соработка за воспоставување на долгорочна научно-стручна, образовна и апликативна соработка.

„Денеска потпишавме Меморандум за соработка, еден документ со кој го регулиравме на некој начин започнувањето на проектот со Правниот факултет при што нивни студенти ќе им даваат бесплатна правна помош на наши сограѓани кои имаат потреба од тоа.“ рече Стевче Стевановски, градоначалник на Општина Новаци.

Со овој Меморандум за соработка, двете институции се договорија да соработуваат во спроведување и реализација на разни едукативни процеси преку ангажирање на експерти од практиката за реализација на клиничка (стручно-практична) настава, организирање и реализација на практична настава за студентите и учениците во зависност од расположивите можности, консултации и експертизи, вклучување експерти во исполнувањето на теоретските содржини на студиските програми, воспоставување на контакти и презентација на договорените страни пред домашни и странски субјекти, и организирање на тркалезни маси и размена на искуства на разни панели, трибини и дискусии

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published.

Back to top
Skip to content