Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Посета на с. Гермијан

Фотографија на Љубе Кузманоски - Градоначалник на Општина Новаци.

Го посетивме и с. Гермијан. Со дел од жителите имавме можност да разговараме за актуелните барања и проблеми кои ги има ова село, како и за досега оствареното од страна на локалната, но и на централната власт.

Добивме топло добредојде и тоа за нас многу значи. Тоа зборува за поврзаноста на локалната власт со локалното население.

Гермијан е едно од поголемите села во Општина Новаци и затоа ние како локална власт најмалку еднаш во месецот ги посетуваме ваквите села и ги слушаме барањата на жителите и заедно со нив ги решаваме и реализираме.

Нашата цел ја остваруваме, а тоа е #ОпштинаОтворенаИУслужнаЗасите.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top