Посета на општина Беледије, Р.Турција
Денешната работна посета на Адапазари, Р. Турција ја завршив со посета на Општина Беледије каде на мое огромно задоволство се сретнав со градоначалникот Мутлу Исиксу и со, неговиот тим на стручни работници, советници и општинска администрација.
Разговаравме за нашите надлежности, актуелните проблеми и предизвици со светската криза, скапата цена на горивата и електричната енергија , кои се нашите сличности а што е она што не разликува како локални самоуправи. Општина Беледије има 750 вработени заедно со сите институции кои работат под надлежност на општината, 25 директори на институции а Советот на општината брои 37 советници.
На мое огромно задоволство градоначалникот Исиксу ја прифати мојата покана и ќе оствари возвратна посета на Општина Новаци кон крајот на Мај или почетокот на месец Јуни. Им благодариме на домаќините за одличниот дочек и целосното внимание кое ни го посветија.

0 Comments