Отворен 8 – миот Меморијален турнир во мал фудбал Пеце Матичевски
Вечерва го отворив 8 миот по ред Меморијален турнир во мал фудбал Пеце Матичевски кој традиционално се организира во месец јуни под покровителство на Општина Новаци.
Големо е задоволството да се гледа дека од година во година овој спортски настан сеуште се негува и е уште побогат и помногуброен.
Посакувам уште долги успешни години на постоење и организирање на овој спортски настан кој го носи името на еден херој Пеце Матичевски кој е родум од Новаци а животот го даде на браникот на татковината во конфликтот во 2001година.
Општина Новаци и понатаму ќе ги поддржува ваквите спортски настани и манифестации во границите на своите можности.
Нека е со среќа и нека победат најдобрите!
0 Comments