Отворен Петтиот Меѓународен турнир во фудбал за млади пионери во Новаци
Викендов во Општина Новаци се одржа традиционалниот, петти по ред, Меѓународен турнир во фудбал „Новаци ЛГ куп 2016“, кој традиционално се одржува во пресрет на празникот 8-ми септември – денот на независноста на Република Македонија.
Учествуваа 40 екипи , 600 деца и 40 тренери од 21 фудбалски клубови од Македонија, Србија, БИХ и Грција. Натпреварите се одржуваа помеѓу фудбалерите од генерациите 2002-2008 година.
„ Доаѓаат гости секоја година, задоволни си заминуваат од Новаци и од турнирот кој се организира тука. Преблагодарни се ид ецата и ние организаторите на големото срце што го имаат тука во општина Новаци. “ вели Лазе Гаштаров , организатор од ЛГ.
Турнирот свечено го отвори градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски кој истакна дека оваа традицијата ќе продолжи и понатаму.
’’ Кога пред 5 години прв пат го организиравме турнирот се надевавме дека секоја година ќе биде побогат со учесници, но тоа не остана само надеж. Годинава Општина Новаци е домаќин на 21 фудбалски клубови односно 40 екипи од различни генерации или 600 дечиња и 40 тренери од Македонија, БИХ. Србија и Грција. За два дена на терените во Новаци и Битола ќе се одиграат вкупно 74 натпревари во сите генерации од 2002-208 година.“ рече градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски.
За најдобрите екипи организаторот обезбеди пехари и медали за освоено 1,2,3 и 4 то место но и поединечни награди за најдобар играч,стрелец и голман.
„ Тука сме веќе 4 –та година по ред, многу ми е мило што имаме добри пријатели тука и се надеваме дека ќе продолжи соработката и поатаму. “ рече учесник од Грција.
„ Задоволен сум од престојот тука, ги поздравувам организаторите, имаме добра екипа доаѓаме од Прешево, Србија. “ рече учесник од Прешево,Србија.
„ “ рече учесник од БИХ.
„ Морам да кажам дека од година во година овој турнир добива се поголема димензија и дека за овој турнир ќе се слушни далеку. Секоја чест на домаќинот на организацијата, се е совршено. “ рече учесник од Србија.
На оваа манифестација учество зедоа околу 600 деца и 40 тренери.