Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Отворено Културно лето Новаци 2018

Со спектакуларен концерт на реномираната Анета и група Молика и специјален гостин Татјана Лазаревска и многубројни гости започна Културно-забавно Лето Новаци 2018 .
Спектакл кој ќе се памети и разкажува.Дворот на Општина Новаци беше претесен за љубителите на убавата македонска песна.Повеќе од 700 гости од Општина Новаци ,пелагонискиот регион како и голем број на наши иселеници од дијаспората го овековечија отворањето на манифестацијата Културно-забавно Лето Новаци 2018.Организаторите задоволни од целиот спектакл и големата посетеност што дава мотив плус за уште поголема организација и побогата културно-уметничка програма до година.Градоначалникот Љубе Кузманоски го отвори овогодинешното издание на Културно-забавно Лето Новаци 2018 поздравувајќи ги многубројните гости особено иселениците од дијаспората нагласувајќи дека со вакви културни збиднувања се зацврстуваат врските со нив чии корени се од пелагонискиот регион и се збогатува туристичката понуда за Општина Новаци .
” Една ваква манифестација како што е Културно-забавно Лето Новаци 2018 дава вистинско летно културно освежување .Граѓаните на Општина Новаци и пошироката јавност имаа можност токму во своето место на живеење да уживаат во најразлични културни настани од најразлични жанрови дури и во поодалечените населени места се со цел да се создадат услови за рамномерен културен развој и да се создаде можност граѓаните на О. Новаци во што поголем број да се доближат до културните вредности со што ќе се придонесе за заживување на културата во нашата општина и поголем локален културен развој ” истакна Градоначалникот Љубе Кузманоски .
Во месец Јули и Август Општина Новаци ќе доживее вистинска културна експанзија со над повеќе од 15 настани предвидени во програмата ќе се прикажат пред граѓаните на О.Новаци и пошироката јавност .
Затоа навреме завршете си ги вашите обврски и слободните моменти во Јули и Август испланирајте ги за културните нстани што ги нуди Културно-забавно Лето Новаци 2018

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top
Skip to content