Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Отворени 21 Пелагониски културно научни средби во Новаци

Општина Новаци ја продолжува традицијата долга 21 година како домаќин на Пелагониските културно-научни средби. Како резултат на оваа научна манифестација низ годините произлегоа многу трудови и научни зборници.

Градоначалникот  на општина Новаци, Стевче Стевановски  како домаќин свечено го отвори овај настан и на присутните им порача дека општината секогаш ги поддржувала и ќе продолжи да ги поддржува и во динина.

„Овие средби имаат традиција во општина Новаци веќе 21 година и оваа традиција ќе ја продолжиме и понатаму. Особено се значајни од 3 аспекти и тоа: истражувањата во областа на културата, историјата и книжевното творештво, презентација на научни трудови и афирмација и поддржување на жените автори и младите дејци.“ рече Стевче Стевановски, градоначалник на општина Новаци.

Оваа година на Пелагониските културно-научни средби беше доделена наградата Повелба за животно дело на проф. Д-р Златко Жоглев и наградата „Златен клас за македонскиот вознес“ постхумно на поетот Панде Манојлов.Исто така  беше направено и кратко претставување на застапеноста на Блаже Конески во основното училиште „ Славко Лумбарковски“ во Новаци.

Средбите за прв пат беа организирани во 2001  година и досега учество зеле голем број научни дејци.Домаќин е општина Новаци затоа што скоро сите научни дејци се по потекло од овај крај.

На средбата се презентираат трудови од областа на историјата и македонистиката посветени на културно-историските и духовни вредности на општина Новаци, но и другите населени места кои ја сочинуваат географијата на Пелагонија. Покровите е општина Новаци и Македонското научно друштво од Битола.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top
Skip to content