Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Општина Новаци го усвои Локалниот акциски план за управување со отпад

Општина Новаци го усвои Локалниот акциски план за управување со отпад кој претставува појдовна точка во насока на заштита на животната средина преку поефикасно собирање, третирање и селектирање на отпадот, што во моментот е голем предизвик за општината и за целата држава.

Имајќи предвид дека нашата држава се стреми да стане дел од европското семејство и да започне преговори за влез во ЕУ, едно од главните поглавја во преговарачкиот процес ќе биде животната средина и нејзината заштита. Токму поради ова, сите ние како општествени чинители, треба да вложиме максимални напори во насока на заштита на животната средина, со посебен акцент на селекцијата и третманот на сите видови на отпад.

Со Локалниот акциски план на Општина Новаци ќе се создаде фронт на соработка и иновации во управувањето со отпадот, со фокус на следниве предизвици: собирање и рециклирање на отпадот, инклузивно учество, едукација и информирање, зачувување на природните ресурси, заштита на јавното здравје, подигнување на локалната свест и постојано следење и евалуација на постигнатото.

Со овој план, Општината демонстрира сериозна посветеност кон подобрување на квалитетот на живот на своите жители, заштита на околината и создавање еколошки одржлива локална заедница. Овој документ е резултат на тимска соработка помеѓу општинските власти, локалната заедница и експертите во областа на заштитата на животната средина.

Во рамките на Локалниот акциски план, Општина Новаци ќе воведе иновативни практики и технологии за подобрување на управувањето со отпадот. Ова ќе помогне во подигањето на нивото на управувањето со отпадот и ќе донесе големи придобивки, како за жителите, така и за животната средина.

Локалниот акциски план го подготви работна група составена од членови на општинската администрација и јавното комунално претпријатие, со поддршка од SALAR International и Шведската агенција за меѓународен развој.

Локалниот акциски план за управување со отпад 2024 – 2025 е достапен на следниот линк: 

https://opstinanovaci.gov.mk/wp-content/uploads/2023/07/LAP-NOVACI_MK-Final.pdf

или

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top
Skip to content