Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Општина Новаци го започнува проектот „ Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите“ поддржан од УСАИД

Општина Новаци е дел од втората група која брои 24 партнер општини на Проектот на УСАИД  за „ Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите“. На јавниот настан „ Нови партнери и подобро општинско буџетирање“ беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Кардно Емерџинг Маркетс УСА , ЛТД и Општина Новаци.

„ Денеска го потпишавме Меморандумот за соработка со кој Општина Новаци е дел од втората група учесници во овој проект. Се надеваме дека преку неговата имплементација ќе ги зајакнеме нашите финансиски капацитети, ќе ги зголемиме приходите од сопствени извори, подобрување на капацитетите на општината за планирање, извршување, известување, следење и анализа на буџетот, ќе ги одредиме клучните предизвици и препораки за подобрување на процесот на буџетирање и меѓувладините капитални трансфери во единиците на локалната самоуправа, подобрување на пристапот на ЕЛС до потенцијалните извори на надворешно финансирање, реформа на меѓувладиниот систем како поддршка на фискалната одржливост и сл. “  рече Стевче Стевановски, градоначалник на Општина Новаци.

Амбасадорката на САД Кејт Мари Брнз истакна дека како наш стратешки партнер Владата на САД продолжува во поддршката на напорите на земјата кон градење на поуспешна и стабилна демократија која е цврсто интегрирана во Европа и евроатлантските институции.

-Заеднички работиме на унапредување на процесот на децентрализација, доброто управување, владеење на правото и реформите за спречување на корупцијата што се неопходни за исполнување на постигнување на споменатата интеграција и подобар животен стандард на граѓаните на Македонија. Клучен аспект на реформскиот процес е создавање на ефикасни и ефективни владини институции и на локално и на национално ниво. Ова вклучува зголемување на капацитетите на локално ниво за прибирање и самостојно управување со ресурсите со цел обезбедување на подобри услуги за граѓаните, рече Брнз.

Визијата за засилен локален развој и подобрување на финансискиот капацитет на општините е основа на реформата која е преточена во закон кој во моментов е во собраниска процедура со кој се унапредува фискалната децентрализација. Реформата се состои од три главни столба и поразбира: зголемување на фискалниот капацитет на општините и на нивните приходи; зголемување на финансиската дисциплина на општините, намалување на долговите и домаќинско работење и зголемена транспарентност и отчетност.

Ова го истакна министерот за финансии Фатмир Бесими на потпишувањето меморандуми за соработка со втората група 24 нови партнер-општини во рамки на Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите.

Главна цел на проектот е мерливо зголемување на сопствените извори за финансирање, како и надворешно финансирање на локалната самоуправа и зголемување, на нивото на реализирање на буџетот во согласност со барањата за буџетирање и известување. Проектот е финансиран од Кардно Емерџинг Маркетс УСА , ЛТД со основна да се зајакнат капацитетите на единиците на локална самоуправа, зајакнување на одржливоста на оштинските финансии и унапредување на процесот на фискална децентрализација.

Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите е петгодишен, а им помага на владините институции во земјава да ги соберат и самостојно да управуваат со ресурсите потребни за финансирање на услугите што ги бараат нејзините граѓани.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published.

Back to top
Skip to content