Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

ОДБЕЛЕЖАН 5 ЈУНИ -СВЕТСКИОТ ДЕН ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ВО ОПШТИНА НОВАЦИ

По повод одбележувањето на 5 Јуни -Светскиот ден за заштита на животната средина, општина Новаци и ЈП Комунална Хигиена од Новаци спроведоа заедничка акција за чистење на дива депонија во с.Гнеотино и ги дистрибуираа првите канти и контејнери за организирано собирање на комунален отпад од домаќинствата во ова населено место кое претходно не беше опфатено со акцискиот план за организирано собирање на комунален отпад.ЈП Комунална Хигиена од Новаци ја проширува својата дејност за организирано собирање на комунален неопасен отпад од домаќинствата во уште 4 населени места во с. Гнеотино, с.Брод, с.Бач и с.Живојно. Обезбедени се канти и контејнери и веќе е започнат процесот на дистрибуција на истите.Со оваа активност се трудиме да ја подигнеме свеста кај граѓаните со цел правилно и рационално да манипулираат со отпадот со штоќе се намали создавањето на диви депонии на јавни површини.Општина Новаци со цел да ги подобри комуналните услуги на граѓаните и да може комуналното претпријатие да ја проширува својата дејност и во други населени места, купи ново специјализирано комунално возило за собирање на комунален отпад.Градоначалникот Љубе Кузманоски заедно со ВД Директорот на комуналното претпријатие од на терен упатија апел и силна порака за подигнување на свеста за заштита на околината, еколошкиот начин на живеење како и поттикнувањето на носење мерки за заштита на животната средина.”Почитувани сограѓани,5 Јуни –Светскиот ден за заштита на животната средина е воспоставен во 1972 година од страна на Генералното собрание на Обединетите Нации и се одбележува во над 100 земји ширум светот.Одбележувајќи го овој ден упатуваме апел и силна порака за подигнување на свеста за заштита на околината, еколошкиот начин на живеење како и поттикнувањето на носење мерки за заштита.Сите ние треба конечно да се освестиме дека животната средина ни треба за живот и како што го почитуваме домашниот амбиент, одржуваме уредно и чисто така треба да се однесуваме и надвор од дома.И не само тоа, туку секој од нас треба максимално да се активира и да се залага за почиста животна средина.Здравата животна средина е уставно загарантирана категорија.Секој човек има право на здрава животна средина.Секој е должен да ја унапредува и штити животната средина и природата.Како локална самоуправа со сите расположливи ресурси кои ги има Јавното комунално претпријатие Комунална Хигиена –Новаци се трудиме да придонесеме за поголема јавна чистота, повеќе исчистени, зелени и без ѓубре јавни површини и диви депонии.Ја прошируваме комуналната дејност за организирано собирање на комунален отпад од домаќинставата уште во 4 населени места во општина Новаци.Сите заедно и институциите и граѓаните да се вклучиме во процесот на заштита и унапредување на животната средина и да ја направиме Општина Новаци да биде подобро и поубаво место за живеење за сите!”- истакна градоначалникот Кузманоски.#5ЈуниСветскиДенЗаЗаштитаНаЖивотнатаСредина#ЗдраваИЧистаЖивотнаСредина#ОпштинаНоваци#ЈПКомуналнаХигиена#СеГрижиме

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top
Skip to content