Одбележан Денот на пролетта со акција за пошумување
Со акција за засадување на 400 садници црн бор и чемпрес во Далбеговци денес го одбележавме Денот на пролетта.
Во акцијата беа вклучени дечињата од детската градинка Бамби од Новаци, учениците од ЦОУ ,,Славко Лумбарковски”Новаци, дел од вработените во Општина Новаци и ЈКП ,,Комунална хигиена ” Новаци и жителите на село Далбеговци.
Заштитата на животната средина, обновување на зеленилото и зголемување на зелените површини се наш приоритет.
Акцијата се спроведе во соработка со Македонски шуми.
0 Comments