Обука на кандидати за градоначалници за локални избори 2017 година
Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски присуствуваше на тридневна обука на која беа присутни сите кандидатите за градоначалници за локалните избори 2017 година.
Настанот беше организиран од страна на Националниот институт за демократија а се одржа во хотел Изгрев во Струга.
Како предавачи на обуката се појавија признати новинарски имиња од Република Македоноја кои на присутните им ги презентираа своите знаења и познавања , презентираа наоди од фокус групи, презентации за лидерство, градење на тим и комуникации, на кој начин да говорат јавно, како да остават вистински впечаток, како да дебатираат, на кој начин да се користат социјалните мрежи, како да работат со медиуми и новинари, како да воспостават директен контакт со гласачите.
Исто така присутните кандидати за градоначалниици на локалните избори 2017 година имаа можност да слушнат и за начините за активна транспарентност, можности за регионална размена добри практики и алатки, начини за осдржлива родова рамноправност и сл.