Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Општина Новаци дел од проектот „Добро владеење на општинската демократија и граѓанското учество на ниво на локална самоуправа“

Општина Новаци е вклучена во проектот „Добро владеење  на општинската демократија и граѓанското учество на ниво на локална самоуправа“  кој е поддржан од  грант на ЦИВИКА МОБИЛИТАС – проект на Швајцарската агенција за соработка и развој (СДЦ), претставен од Швајцарската амбасада во Република Македонија.

Во проектот се вклучени и  Македонскиот центар за меѓународна соработка МЦМС и Здружението на финансиски работници на локалната самопурава и јавните претпријатија od Велес.

Општата цел на преоктот е што поефикасно и поефективно да се обезбедат јавни услуги за граѓаните  преку доследно поттикнување и практикување на демократските вредности и зголемување на демократијата и на граѓанското учество за прашања важни за локалната заедница и креирање на оптимални политики на локално ниво.

„ Општина Новаци заедно со уште 7 други општини ќе работи во насока на воспоставување локални политики и практики базирани на отвореност, дијалог, поделба на одговорностите, зголемување на свесноста и иницијативата на граѓаните, зголемување на вештините и знаењето на општинската администрација за практикување на конкретно развиена методологија, иницијативи за подобрување на законската и подзаконската регулатива како и практики за добро владеење на локално ниво “ рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

Проектните активности ќе бидат реализирани преку три пооделни области и тоа: утврдување на демократските капацитети и добро управување на локално ниво, дизајнирање и имплементирање на инструментот за следење на буџетските алокации и трошења на локално ниво и оценка на перформансите на системот за јавен финансиски менаџмент на локално ниво.

Целна група на проектот во најширока смисла на зборот се граѓаните во Република Македонија а директна целна група ќе бидат граѓаните и општинската администрација од 8-те општини.

Back to top
Skip to content