Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

НОВОГОДИШНА ЧЕСТИТКА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЉУБЕ КУЗМАНОСКИ

Почитувани,

Ми претставува особена чест и задоволство од мое лично име и од името на општинската администрација да Ви ги честитам претстојните новогодишни и божиќни празници .

Ни претстојат празнични моменти исполнети со најдобри желби за здравје ,спокој ,оптимизам и разбирање.Моменти кога празничната атмосфера не прави поблиски до нашите семејства и пријатели.

Во изминатата година напорно работевме на реализација на повеќе проекти од интерес на граѓаните се со цел обезбедување на подобри услови за живот .Во годината која што следи ќе продолжиме максимално со реализација на зацртаните цели и решавање на проблемите на граѓаните.Секој нов решен проблем е подобро утре за сите нас.
2020-та година да ја дочекаме подготвени за новото ,со идеи за подобар живот ,со позитивна енергија и добра мисла,со подадена рака кон секој и за секој.
Со слога ,разбирање и толеранција ќе ги отвориме портите кон подобра иднина и благосостојба за сите граѓани.

Длабоко во себе верувам дека во новата 2020-та година сите ќе не води една заедничка цел-да градиме заедница на меѓусебно почитување,разбирање и толеранција за напредок и благодет на сите граѓани .
Обврска и должност на сите нас ни е да ја движиме општина Новаци на правиот пат!

НЕКА ВИ СЕ ЧЕСТИТИ НОВОГОДИШНИТЕ И БОЖИЌНИТЕ ПРАЗНИЦИ И СРЕЌНА НОВА 2020-ТА ГОДИНА !

Ваш градоначалник

Љубе Кузманоски
Општина Новаци

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top